Во Каиро започна нов судски процес против Морси

Во Каиро започна нов судски процес против поранешниот претседател на Египет, Мохамед Морси, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Поранешниот шеф на државата е обвинет за масовно бегство на затвореници за време на револуцијата од Арапската пролет на 25 јануари 2011 година, меѓу кои бил и самиот тој.

Заедно со него на обвинителната клупа се наоѓаат и 20 членови на движењето „Муслимански браќа“.

Првата рочиште се одржува во полициската академија во предградие на Каиро, каде што се воведени засилени мерки за безбедност.

Морси е обвинет за уште три дела, вклучувајќи и убиството на демонстранти.