Во Калифорнија прогласена елементарна непогода поради пожарите

Во Калифорнија прогласена елементарна непогода поради пожарите
Во Калифорнија прогласена елементарна непогода поради пожарите

Американскиот претседател Барак Обама прогласи елементарна непогода во северна Калифорнија, каде пожарот однесе три човечки животи, две лица се водат како исчезнати и уништени се најмалку 1.200 куќи.

Пожарот избувна во Лејк Каунти, на 15 километри северно од Сан Франциско на 12 септември, и до синоќа зафати област од 285 километри квадратни, поради што илјадници лица ги напуштија своите домови, а двајца мажи се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска канцеларијата на шерифот на Лејк Каунти.

Неколку области се под наредба за евакуација повеќе од една недела, откако пожарот почнаа и спасувачките екипи продолжуваат да ги чистат отпадоците, дрвјата и да ги поправаат оштетените далноводи.

kalifornia

Шерифот Брајан Мартин потврди дека во пожарот загинале три лица и дека неговата канцеларија примила извештаи за 15 исчезнати од избивањето на пожарот во областа. Сите се пронајдени, освен двајцата мажи.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун побара прогласување на елементарна непогода поради пожарот во Лејк Каунти, но и во областа која огнот ја зафати во Калаверас и округот Амадор, на околу 200 километри источно од Сан Франциско.