Во Калифорнија прогласена вонредна состојба

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба во оваа сојузна американска држава поради најтешката суша во последните 100 години.

Сушата во голема мера го погоди земјоделското производство во Калифорнија, додека шумите ги голтаат пламени јазици.

Гувернерот апелирал до граѓаните да ја намалат потрошувачката на вода барем за 20 отсто и да се потрудат да ја сочуваат на секој можен начин.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.