Во камион најдени 20 илегални мигранти

Во камион во текот на вчерашниот ден најдени се 20 илегални мигранти. Како што информира МВР, вчера во 14.50 часот во близина на село Смоквица на паркинг на бензинска пумпа, при вршење редовна контрола полициски службеници откриле кривично дело криумчарење на мигранти.

Во камионот „МАН” со скопски регистарски ознаки биле пронајдени 20 илегални мигранти. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица во Гевгелија и инспектор од ОПКМСР Гевгелија.

По добиените инструкции од Основното јавно обвинителство, тројца мигранти се задржани  и ќе бидат пренесени  во Прифатен центар-Скопје, а останатите 17 се пренесени во привремениот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка.

Возилото со записник е предадено на инспекторот од ОПКМСР Гевгелија.