петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 0

Во камион откриени 96 мигранти на автопатот Гевгелија – Скопје

МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на „Мерцедесот“ биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија.

migranti-shverc

Последни вести

На автопатот А1 Гевгелија-Скопје, во близина на клучка Прдејци, вчера во 06:15 часот од страна на мешовит патролен тим, било откриено кривично дело „криумчарење мигранти“ сторено со товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки.

МВР денеска соопшти дека во товарниот простор на „Мерцедесот“ биле затекнати 96 лица-мигранти од Пакистан, Авганистан, Ирак и Сирија.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Најчитани вести