Во Канада падна снег

Првиот снег, кој обично жителите на Канада го очекуваат на крајот на октомври, вчера заврна во западниот дел на земјата.

Како што велат од Националната метеоролошка служба, во неколку градови во провинцијата Алберта, конкретно во најголемиот Калгари, паднале меѓу пет и 10 сантиметри снег.

Југозападниот дел на Алберта вчера беше зафатен од студен бран, поради што дојде и до врнежи од снег.

Само еден ден претходно, во неделата, температурите во во овој реон достигнаа до 24 степени Целзиусови.

Обично првиот снег во Алберта доаѓа кон крајот на октомври.