Во Канада се отвора првата амбасада за вонземјани?

Верска група од Канада се обидува да добие земјиште на кое планираат да изградат прва амбасада за вонземјани во светот.

Членовите на оваа верска група сметаат дека вонземјаните ја создале расата на Земјата.

Според нивните верувања, расата на Земјата ја создале вонземјанските видови кои ги викаат  Елохим и  кои ќе се вратат на нашата Планета кога ќе се отвори амбасада за нив.

Овој предлог веќе е испратен до Владата на Канада со напомена дека оваа Амбасада не би смеела да биде покрај Арктикот затоа што вонземјаните наводно не сакаат студ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.