Свет

Во Канада уапсен градинар кој убивал хомосексуалци

Во Канада уапсен градинар кој убивал хомосексуалци

Канадската полиција соопшти дека пронашла останки од најмалку шест лица во темелите на куќа во северниот дел на Торонто, која припаѓа на 66-годишен маж, кој работел како градинар.

Брус Мекартур беше уапсен минатиот месец и обвинет за убиство на петмина мажи, кои исчезнале пред неколку години во кварт во Торонто, кој со децении e центар на градската хомосексуална заедница.

Канадските медиуми ја критикуваат полицијата бидејќи во времето кога исчезнувале мажите, таа не соопштувала дека нападите се насочени против хомосексуалната заедница.

Инаку, досега е идентификувано само едно лице, додека постапката за идентификација се уште е во тек за останатите пет лица.

Потрагата по докази е отежната поради смрзнувањето на тлото, соопшти полицијата.