Македонија

Во канцелариите на Општина Струга не смее да се пуши само за Рамазанските пости

Во канцелариите на Општина Струга не смее да се пуши само за Рамазанските пости

Локалната власт во Општина Струга, двојазично секако, издаде наредба во којашто се наведува што се забранува да се прави во канцелариите на самоуправата во текот на Рамазанските пости.

„До сите вработени во Општинската аминистрација… Се забранува носење храна, пијалоци и пушење по канцеларии за време на рамазанските пости“, се порачува во наредбата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

„Ја глуп мислев дека пушење во канцеларии е забрането и кога не се пости“, коментираше Цветин Чилиманов на својот фејсбук профил по оваа трагикомична објава на д-р Мерко.