Во Каталонија полицијата ги зазема гласачките места, граѓаните не ги напуштаат

Шпанската влада смета дека го оневозможила гласањето на референдумот во Каталонија по електронски пат откако полицијата во саботата упадна во телекомуникацискиот центар на регионалната влада, но властите во Барселона тврдат дека во недела сепак ќе има референдум за независност на оваа покраина.

Се очекува ноќва спроти најавеното гласање да има тензии па дури и судири меѓу полицијата којашто настојува да го заземе училиштата во кои се забарикадираа поборниците на референдумот и да ги задржат до утрото до почнувањето на гласањето.

Шпанската Цивилна гарда влезе во информацискиот центар во Барселона и таму им намера да остане до понеделникот извршувајќи го налогот на судот кој го забрани одржувањето на гласањето.

„Со блокирањето на инсталациите на технолошкиот центар на каталонската влада зададен е удар со цел да се избегне електронското гласање., Со ова акција правната држава го олесни поништувањето на овој незаконски референдум“, изјави портпаролот на шпанската влада Иниго Мендез де Виго, кој воедно е и министер за образование, култура и спорт.

Стотици поборници на референдумот се забарикадирани во училиштата во Барселона кои настојуваат да ги држат отворени до 9 часот утрото во недела. Тогаш се очекуваат првите гласачи, иако полицијата порача дека избирачките места мора да бидат испразнети. Организациите кои го заговараат отцепувањето на Каталонија од Шпанија, меѓутоа, одбиваат да ги напуштат гласачките места и го повикуваат населението во нив да продолжи да ги спроведува активностите кои не се поврзани со референдумот за да имаат оправдување зошто тие се отворени.

Во петокот откако заврши редовната настава родителите на децата и други лица започнаа со организирање на работилници како сечење на традиционалната пршута, играње шах и други активности за да може просториите да останат отворени до почетокот на гласањето.

Полицијата во текот на саботата влезе во 1.300 од вкупно 2.315 центри предвидени за гласањето. Во текот на ноќта се очекува „борба“ за преостанатите. Повеќе организации ќе започнат протести настојувајќи со мирен отпор да го спречат влегувањето на полицијата. И едната и другата страна засега се воздржуваат од насилство, сакајќи да покажат пред светот дека спроведуваат демократски мерки. Полицијата го извршува налогот на судот повикувајќи се на правната држава, додека демонстрантите го истакнуваат правото на самоопределување на народот.

Ширум каталонската престолнина Барселона на зградите се истакнати каталонските знамиња кои ја симболизираат независноста, а од прозорците и балконите висат транспарентите на кои е испишано „Да“.

„Не знам дали намерата на владата во Мадрид е колапс на регионалната влада, но сите нека останат мирни, утре ќе гласаме“, истакна портпаролот на каталонската влада Жорди Турули, коментирајќи на заземањето на телекомуникацискиот центар.

Засега е непознато како избирачите може да гласаат по блокадата на овој центар и полициското заземање на училиштата. Не е исклучено ниту гласање на улиците иако полицијата има налог да го заплени сиот материјал поврзан со референдумот и да го трансформира во протест на кој сѐ ќе остане.

Ширум Шпанија во саботата се одржуваат протести против референдумот, но и за него. Во северните покраини Галиција и Баскија повеќе илјади луѓе маршираат поддржувајќи ги заговорниците на референдумот во Каталонија. Токму овие две покраини, заедно со Каталонија, се упориштата на сепаратизмот во Шпанија.

Од друга страна, илјадници со шпански знамиња и повиците „Шпанија обединета, никогаш нема да биде поразена“ чекорат по шпанската престолнина Мадрид, низ Ибица, Валенсија, Сантандер, Гихон и другите градови. Таму, пак, на прозорците се истакнати шпанските знамиња.

Според шпанскиот уста кој е на сила од 1978 година кога беше воведена демократијата по децениското владеење на воената хунта, Каталонија доби статус на една од 17-те автономни покраини, а ваквите референдуми се дозволени единствено на ниво на цела Шпанија со што се брани нејзината целост од вековните сепаратистички тенденции.