понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 0

Во Кавадарци до 13 часот излезност 41,4 отсто, а во Росоман 35 отсто

glasanje-krupno-janevska

Последни вести

Во Кавадарци до 13 часот гласале 41,4 отсто од гласачите а во Росоман 35 отсто, информираа претседателите на општинските изборни комисии во двете општини, Зоран Костов и Лазо Симоновиќ.

Костов потсети дека навреме биле отворени сите 60 избирачки места во Кавадарци и засега изборите се одвиваат без проблеми. Во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во овој град се запишани 32.431 гласач.

Симоновиќ соопшти дека и во Росоман навреме биле отворени десет избирачки места и гласањето се одвива без проблеми. Во Росоман се регистрирани 3.393 лица со право на глас.

Најчитани вести