Македонија

Во Кавадарци гласаат 104 немоќни лица

Во Кавадарци гласаат 104 немоќни лица

Претседателот на Општинската изборна комисија Зоран Костов информираше дека во Избирачкиот список за гласање на предвремените парламентарни избори во Кавадарци се запишани 32.431 гласач, а ќе се гласа на 60 избирачки места.

Во оваа изборна комисија немаат информација за број на пријавени гласачи од дијаспората, бидејќи тие се пријавувале во дипломатско-конзуларните преставништва и конзуларните канцеларии.

На утрешните деветти парламентарни избори учествуваат 11 политички субјекти од кои шест политички партии и пет коалиции, со 58 листи и со 1.092 кандидати.