Во Кавадарци ќе се отворат две пиварници

Кавадарци како општина многу брзо ќе промовира производство на пиво во две посебни пиварници, најави кавадаречкиот градоначалник Акександар Панов кој кажа дека самиот го пробал пивото и на двете места и оти вкусот е извонреден.

-Сакам да нагласам дека во последно време многу внимание посветуваме како локална самоуправа и на малите бизниси кои ја движат економијата напред и нудат вработувања, покрај веќе постоечките големи капацитети како германската фабрика на Дрекслмаер во која вработување најдоа голем број на тиквешани, нагласи Панов, зборувајќи за инвестициите во општината која како што рече, е на врвот на економскиот развој во Република Македонија.

Градоначалникот на Кавадарци најави и неколку други инвестиции.