Во Кавадарци се запали автомобил во движење

Во центарот на Кавадарци, доцна синоќа се запалил автомобил „Застава 101“ во движење. Според информациите на територијалната противпожарна единица, нема повредени а екипите кои пристигнале на местото на настанот, веднаш успеале да о изгаснат огнот.

– Добивме повик за запален автомобил и отидовме на новиот кружен тек во градот најбрзо што можеме. Вистинска драма се случуваше таму. Возачот гледал да си ги спаси двете деца и сопругата, па кога видел дека избил пожар, најбрзо што можел ги извадил од автомобилот и сите застанале на пристојна далечина, гледајќи како гори возилото, соопштија од противпожарната единица.

Оштетени се делови околу моторот на возилото и предната внатрешна страна.

Според првичните проценки, штетата изнесува околу 200 евра, но сепак, најважно е што никој не е повреден, нагласија од противпожарната служба.