Во Кавадарци украдени затегнувачи од катната гаража, општината веднаш презеде мерки

Украдени се пет затегнувачи од модуларниот паркинг над „Паркот на Револуцијата“ во Кавадарци, а оштетена е и металната конструкција.

По добиената информација за кражбата, Општина Кавадарци веднаш презеде мерки.

„Во исто време Општината го контактираше и изведувачот на работите на модуларниот паркинг, кој треба исто така да изврши увид во оштетувањето и да посочи натамошни мерки за санирање на состојбата. Од тоа ќе зависи до кога горната платформа на паркингот ќе биде затворена“, велат од Службата за информирање.

Општината Кавадарци направи записник и информација за извршената кражба и ги испрати до полицијата на натамошна постапка