Во Кичево протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”

На платото пред Домот на културата во Кичево вечерва се одржа протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија”.

На присутните им се обрати Даме Силјаноски, кој во име на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија” рече дека јазикот, знамето, химата и грбот се нашиот идентитет и се столбот на нашата држава.

– Потестираме против сите оние кои заговарат нивна промена, односно целосно редефинирање на Македонија. Нема да дозволиме ниеден политичар да се пазари и да тргува со македонската држава само за да биде на власт и тоа без поддршка на мнозинскиот македонски народ. Не сме против никого, но сме сме против сценаријата за нашето разнебитување. Македонија треба да остане каква што ја знаеме заедничка за сите нејзини граѓани, рече Силјаноски.

Тој ги повика присутните на мирен и достоинствен начин да маршират низ улиците на Кичево.