Свет

Во Киев денеска два протести , и опозицијата и приврзаниците на Јанукович

Во Киев денеска два протести , и опозицијата и приврзаниците на Јанукович

Во украинската престолнина Киев  денеска ќе се одржат два митинзи, едниот на опозицијата, а само  неколку блокови подалеку  ќе се соберат и на приврзаници на претседателот Виктор Јанукович.

На проевропскитеа собири  на опозицијата изминатите два викенди се собраа стотици илјади приврзаници на Плоштадот на независноста.

Политичката криза во Украина влезе својата четврта недела.

 

Проевропската опозиција сака заминувањето на украинскиот претседател, бидејќи на крајот на ноември, одби да го потпише договор за асоцијација со ЕУ, со цел да ги зајакнат односите со Русија.

Опозицијата барања и ослободување на притворените лица  и казнување на оние кои се одговорни за полициско насилство против демонстрантите.

Припадници на единицата за немири на ноќта меѓу 29 и 30 ноември употребиле сила и повредија десетици демонстранти.

Полициското насилство предизвика остри реакции од јавноста во целиот свет.