Во Кина има 10 милиони матуранти

Околу 9,39 милиони матуранти во Кина во неделата полагале Национален тест за прием на Универзитет, а само во Пекинг имало 70 илјади кандидати.

Националниот тест кој е за прием на Универзитет е познат под името Гаокао и еден од најважните испити во Кина.

Семејствата на матурантите го доживуваат сериозно, бидејќи преку тој тест дознаваат кои се можностите на нивните деца за стекнување со високо образование.

Околу училиштата каде што се одржува тестот се собираат родителите, а друштво им прави полицијата, медицински сестри и членови на градската управа.

Во 2013 година бројот на луѓе кои завршиле факултет и со тоа се стекнале со високо образование во Кина достигна рекордно ниво од седум милиони дипломирани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.