Во Кина уапсени 1.500 членови на секти

Во Кина се упасени повеќе од 1.500 членови на секти по нападот во ресторанот „МекДоналдс“, каде до смрт е претепана жена.

Државната кинеска новинска агенција Синхуа соопшти дека најмалку 59 лица се осудени на затворски казни. Притворените се членоци на сектите „Црква на семоќниот Бог“ и „Секташки ученици“, групи кои на нехристијански начин ги толкува христијанските книги.

Шест припадници на „Црквата на семоќниот Бог“ се обвинети дека ја претепале жената во мај оваа година бидејќи одбила да им го даде својот телефонски број како дел од регрутирање на нови членови.