Свет

Во кинески Синџијанг 12 мртви

Во кинески Синџијанг 12 мртви

Шест лица загинаа во експлозија, а уште шест се убиени од страна на полицијата во новото насилство до кое дојде во западниот регион Синџианг, во кое живее етничко малцинство Ујгура, пренесуваат кинеските државни медиуми.

Напаѓачите фрлиле експлозив на полицијата во петокот во округот Синхе. Во тој напад се убиени шест полицајци и уапсени пет осомничени.

АП пренесува дека уште шест лица се погубени во три експлозии кои погодиле фризерски салон, пазар и возило.

Овој случај е под истрага, а инаку Синџијанг е регион на постојани тензии кои доаѓаат од Ујгура кои тврдат дека се изложени на дискриминација и верско ограничување од страна на кинескиот Хан народ.