Во Кисела Вода фрлени 20 тони сол

​Се расчистуваат улиците низ општина Кисела Вода. Работниците на фирмата “Анизор” , ангажирана од страна на општина Кисела Вода беа излезени на терен во текот на целата ноќ, а нивните активности продолжуваат и денес. Заедно со сезонските работници, со помош на камиони, со механизација за расчистување на снегот, беа фрлени околу 20 тони сол.

Интензивно се работи на расчистување на просторот околу градиниките и основните училишта, се интервенира и на автобуските постојки. Кризниот штаб на општина Кисела Вода е во постојана координација и со службите на ЈП “Улици и патишта” кои ги расчистуваат главните улици.

sneg1

Општина Кисела Вода апелира до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите.