понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 67

Во Кисела Вода собрани околу 36 кубика кабаст отпад

Aкцијата е спроведена преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 14 и 15 октомври 2016 година.

133391193

Последни вести

На територијата на општина Кисела Вода во акција акција за собирање на КАБАСТ отпад собрани околу 36 кубика кабаст отпад.

Како што соопшти општина Кисела Вода, акцијата е спроведена преку секторот за Месна самоуправа и соработка со НВО и ЈП Комунална хигиена на 14 и 15 октомври 2016 година.

Со реализицијата на активностите за собирање на кабаст отпад, како што се наведува во соопштението, на жителите на општина Кисела Вода по четврти пат оваа година им беше овозможено да се ослободат од стариот и неупотреблив  мебел, предмети за домаќинство, електрични апарати и други предмети.

Општина Кисела Вода, исто така, апелира до граѓаните да го почитуваат Законот за јавна чистота и со своето однесување да придонесат за здрава и чиста животна средина.

Најчитани вести