Во Кобане интензивни напади врз позициите на џихадистите

Меѓународната коалиција предводена од САД, вчера го извршила најинтензивниот воздушен напад врз борците на групата Исламска држава во пограничниот сириски град Кобане.

Нападите биле најефикасни до сега, потврдиле силите на сириските Курди, додавајќи дека тоа требало да се случи порано. 

– Курдските борци водат тешки борби и се обидуваат да ги одбранат цивилите. Многу е голема операцијата против нив, изјавил лидерот на сириската курдска партија Демократска унија, Салех Муслим.

Сирискиот амбасадор во Обединетите нации Стафан де Мистура синоќа побара меѓународната заедница веднаш да застане во одбрана на сирискиот град Кобане, кој може да биде заземен од џихадистите.

– Светот, сите ние, многу жалиме што ИД е во состојба да го заземе градот, кој храбро се брани, но прашање е дали ќе успее во тоа, посочил Мистура.