Во Кобане убиени неколку стотици џихадисти

Неколку стотици џихадисти се убиени во американските воздушни напади во Кобане и неговата околина, но групацијта „Исламска држава“ се уште може да го заземе овој стратешки важен сириски град на границата со Турција, соопшти денеска Пентагон, објави МИА.

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека САД во воздушните напади убиле неколку стотици џихадисти во Кобане и околината и додаде дека мнозинсвото од населението побегнало од градот, поради напредувањето на екстремистите и нивните намери да го заземат.

– Кобане и натаму може да падне. ИД не крие дека го сака тој град и дека ќе продолжи во него да ги испраќа своите борци, рече Кирби.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.