ДЛМ: Во Кочани, фатена риба од 50.000 денари

Вчера во Кочани пред продажното место Анафил се одвиваше забавен спортски риболов, а се ловеа златни рипки. Популарниот водител Викса и тимот на Државна лотарија на Македонија приредија вистинско изненадување за кочанчани.

Сите љубители на инстант лотаријата имаа можност за три недобитни лозови да се вклучат во риболовот. На располагање беа пет трски за риболов со магнети наместо јадица а се ловеа рипки на кои беа испишани различни видови подароци. Учесниците кои немаа добивка секако заминуваа со подарок: маица, перничка, чаша, капа или друг корисен брендиран подарок од Државна лотарија на Македонија.

lotarija

Забавата беше интересна за сите, за минувачите и секако учесниците кои не заминуваа со празни раце туку со подарок за своите недобинти лозови. Добитниците пак се радува ана добивките кои ги ги откриваа на своите добитни лозови. Радост и за тимот беше добивката од 50.000 денари на еден од лозовите ЗЛАТНА РИПКА купен на среќното место Анафил. Антонио Стојанов од Кочани, редовен играч на инстант лотарија и НовоЛото 7/34, купи еден лоз ЗЛАТНА РИПКА која му донесе 50.000 денари.

Караванот на Државна лотарија низ Македонија носи забава, добивки и подароци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.