Во кои расправии мажите никогаш неможе да излезат победници?

Двојките често се расправаат и тоа е неизбежно. Но, вие како жена мора да знаете во кои расправии мажот никогаш нема да излезе како победник.

Мажот никогаш неможе да победи во расправијата што се случила поради тоа што погледнал некоја друга девојка. Колку и да се правда и да смислува секакви изговори, никогаш нема да успее да го промени вашето мислење и вие ќе излезете како победник од оваа расправија.

Ако вашиот партнер сака да гледа порно филмови и вие се лутите поради тоа, тогаш потполно сте во право. Тој нема многу аргументи со кои што би можел да се оправда.

Доколки неколку пати сте прифатиле да гледате некој акционен филм само затоа што ој сака таков вид филмови, тогаш и тој со вас би требало да погледне некоја раомантична комедија. Ако не го сака тоа тогаш имате полно право да му се лутите и да не попуштате.

Ако сте му лути затоа што сте пронашле фотографии од неговата поранешна девојка, тој нема да има ништи паметно да каже. Единствено што може да направи е да се реши од спорните фотографии и да ви се „умилкува“ додека не попуштите.

Ако тој повеќе сака своето слободно време да го поминува со своите пријатели, отколку со вас, имате полно право да се лутите, но морате да бидете добар говорник за од оваа свадба да излезете како победник.

Доколку на неговиот мобилен телефон пронајдете порака, фотографија или повик што не ви се допаѓа, тој нема да има што да ви каже и сигурни сме дека од оваа кавга ќе излезете како победник.