Во која положба спијат среќните двојки?

Положбата во која спиете може да открие колку сте блиски и среќни со партнерот.

Ова го откриле научниците од британскиот универзитет Хертфордшајр, а истражувањето било спроведено на 1.100 лица. Според него, сретните двојки спијат поблиску еден до друг, односно не ги дели повеќе од 75 сантиметри.

Најсреќни се оние што спијат свртени лице со лице, а потоа оние што спијат прегрнати или се допираат со плеќите. Исто така, двојките најчесто спијат свртени со грб, една третина од нив е свртена на истата страна, а само четири осто се свртени со лице.

-Речиси 94 отсто од двојките што се допираат за време на спиењето се среќни и задоволни со своите врски, досека истото го мислат само 68 отсто од он ие што спијат во полоѓба во која што немаа т меѓусебен контакт, изјави предводникот на истражувањето професор Ричард Вајсман.

А во која положба спиете вие?