Македонија

Во Количани нападната полиција која интервенирала за нелегална сеча на дрва

Во Количани нападната полиција која интервенирала за нелегална сеча на дрва

Стотина селани од скопското село Долно Количани синоќа на шумската полиција не и дозволиле да одземе 8 кубни метри дрва, нелегално исечени од нивен соселанец. Шумската полиција дрвата ги нашла во дворот на еден жител на селото, по што дошло до сериозен инцидент во кој селаните не и дозволиле на полицијата да си ја врши работата.

Против лицата кои го попречувале постапувањето на шумската полиција ќе следи судска пријава.

Стотици гневни жители на Долно Количани синоќа не дозволуваа полицијата да ги одземе дрвата од дворот на нивни  соселанец.

Мештаните тврделе дека, шумската полиција по грешка влегла во двор , каде што немало незаконски исечени дрва, ги исплашиле жените и го малтретирале домаќинот.

Состојбата ескалирала откако жителите на Долно Количани не дозволиле да бидат одземени 8- те кубика дрва и излегле сред село да протестираат против решението на шумската полиција.

Од МВР го потврдиле случајот како обид за попречување на нелегална сеча на дрва, при што жителите на Количани со камења фрлале кон полициските возила .