четврток, 23 март 2017  |  Вести денес: 56

Во Колумбија запленети осум тони кокаин

Силите за безбедност на Колумбија конфискуваа осум тони кокаин во северозападен регион на земјата, соопшти колумбиската армија, јави ДПА, пренесе МИА.

kokain

Последни вести

Претседателот Хуан Мануел Сантос напиша на Твитер дека тоа е најголемото количество запленета дрога во историјата на јужноамериканската држава.

Кокаинот е откриен во провинцијата Антиокија, пишува весникот „Тиемпо“ и додава дека најверојатно тој му припаѓа на криминалниот синдикат „Лос Урабенос“, кој се смета за најмоќна криминална организација во Колумбија, чии членови се претежно поранешни борци од крајнодесничарски милитаристички групи.

Најчитани вести