Во комбе најдени 30 илегални мигранти

Жител на скопско Танушевци е приведен откако бил затекнат како во комбе превезува 30 илегални мигранти.

Како што информира МВР, вчера во 11,10 часот од страна на полициски службеници во близина на тунелите на автопатот во правец Демир Капија-Велес, забележано е товарно возило „Мерцедес“ управувано од Љ.М.(23) од с.Танушевци-Скопје, кое на даден знак да го запре возилото истиот го продолжил движењето и после  неколку километри го запрел возилото по што возачот и совозачот Р.Ј.(20) од Скопје се дале во бегство.

Од преземени мерки Љ.М. е приведен, а додека Р.Ј. успеал да избега, од проверка на возилото, во просторот за товар се пронајдени 30 мигранти од Авганистан, Ирак и Конго, кои се приведени во ПС-Неготино.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.Ј. и целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.