Во комбе со српски регистрации најдени 44 мигранти

Во комбе со српски регистрации најдени се 44 илегални мигранти.

Како што информира МВР, утрово околу 04,15 часот на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници откако забележале паркирано комби „Фиат Дукато“ со српски национални ознаки кој имало издишана гума и се упатиле кон него, при што лицето кое го управувало возилото, веднаш се дало во бегство.

При контрола во просторот за товар пронајдени се вкупно 44 мигранти од Авганистан, Сирија и Пакистан. Лицата се приведени во СВР-Куманово за понатамошна постапка.