Во компјутерот на напаѓачите од Брисел најдени податоци за белгискиот премиер

Бомбашите-самоубијци кои ги извршија нападите на аеродромот и во метрото во Брисел, на интернет пребарувале информации за резиденцијата и канцеларијата на белгискиот премиер Шарл Мишел, пренесува МИА, повикувајќи се на Би-Би-Си.

Деталите од интернет пребарувањето се пронајдени на компјутерот на напаѓачите, што беше пронајде во канта за отпадоци во близина на аеродромот, веднаш по нападот.

Според непотврдени информации, во пронајдениот компјутер се наоѓаат фалјови со планови на резиденцијата и фотографии од канцеларијата на премиерот, сликани од улица. На комјутерот е снимена и последната порака на еден од бомбашите.

Компјутерот стана еден од основните извори за белгиските истражни органи во потрагата за третиот осомничен за нападот на аеродромот.