Во Конче ќе се отвори аптека, а ќе се даваат и стоматолошки услуги

Во рамките на својата посета на општина Конче, директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова оствари работен состанок со Благој Јованов, градоначалник на општина Конче, при што беше детално информирана за финализирање на тековните активности за отварање на аптекa во коja граѓаните на Конче ќе може да земаат лекови на рецепт на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Во Конче ќе им бидат исто така достапни и стоматолошки услуги. Задоволството од тоа што сега за овие услуги 3.600 граѓани не мора да патуваат до Радовиш 18 километри за да земат лекови на рецепт или затоа што им се нужни стоматолошки здравствени услуги.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.