Во конфликтот во Сирија загинале околу 200 лица

Билансот на загинатите во конфликтот во Сирија од почетокот на годината двојно се зголемил и достигна околу 200 илјади лица, изјави во Советот за безбедност на Обединетите нации заменик-генералниот секретар на Организацијата, Валери Ејмс, пренесува МИА.

Таа истакна дека во судирите меѓу сириската војска и вооружената опозиција се ранети околу еден милион лица

.- Во февруари проценките беа за околу сто илјади убиени. ОН смета дека до денеска таа бројка достигнува околу 200 илјади лица, а уште околу еден милион се ранети. Овие бројки секојдневно се зголемуваат, додаде Ејмс.

Таа истакна дека во моментот потреба од хуманитарна помош имаат 12,2 милиони Сиријци, а пред десет месеци таа бројка изнесувала речиси три милиони помалку.- Речиси половина од населението на Сирија ги напуштило домовите.

Над 7,6 милиони од нив се раселени на територијата на земјата, а уште три милиони избегале во соседните земји. Тоа е една петина од вкупниот број на принудно раселените лица во цел свет, изјави заменик генералниот-секретар на ОН