ОН: Во конфликтот во Украина досега загинале над 9.300 луѓе

– Бројот на жртвите во конфликтот продолжува да се зголемува, изјави помошникот генерален секретар на ОН за политички прашања Тае Брук Зерихун на седница на Советот за безбедност на ОН.

Според него, досега се регистрирани 9.333 жртви и 21.396 ранети.

Тој додаде дека во изминатите недели борбите се на ниво невидено од август 2014 година кога судирите биле најжестоки. Упати повик завојуваните страни да ги запрат воените акции и да обезбедат достап на меѓународната набљудувачка мисија.

Тоа беше прво заседание на СБ посветено на ситуацијата во Украина од декември минатата година.

На седницата претставници на Русија и на Украина разменија меѓусебни обвинувања за тоа кој е одговорен за разгорувањето на воените акции. Набљудувачката мисија на ОБСЕ соопшти дека подготвува примирје во источна Украина за време на неделата по 1 мај.