Свет

Во Конго веќе нема ебола

Во Конго веќе нема ебола

Светската здравствена организација (СЗО) денеска прогласи крај на епидемијата на ебола во Демократската република Конго, бидејќи повеќе нема лица со симптоми на болеста, објави МИА.

Епидемијата на ебола во Конго не е поврзана со појавата на болеста во Западна Африка.

Во Конго се регистрирани 49 смртни случаи од ебола од вкупно 66 заразени лица.

Сите случаи се регистрирани во северозападната провинција Екватер, соопштија високи претставници во Конго минатата недела.