Во континуитет се намалува државниот долг

Последниве три месеци се намалува во континуитет долгот на државата. Во ноември во однос на октомври долгот на државата е намален за 65 милиони евра.

Заклучно со 30 ноември 2014 година, долгот на централната влада е намален 38,9 на 38,1 отсто од БДП. Јавниот долг, кој освен долгот на централната влада го вклучува и долгот на општините и јавните претптијатија изнесува 45,5 отсто од бруто – домашниот производ. Ова во однос на октомври е намалување за 0,7 отсто, а во однос на септември за 1,1 отсто.

Причина за континуираното намалување на долгот е намалувањето на издавањето на државни хартии од вредност како и исплатата на обврските кон ММФ.

Намалувањето на задолжувањето по основ на ДХВ продолжи и годинава, така што на почетокот на месецов беа вратени 220 милиони денари во стопанството без да бидат издадени нови хартии од вредност.

На крајот од годинава треба да исплати и еврообврзницата што дополнително ќе го намали државниот долг за 150 милиони евра.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.