Во Косово е прогласена епидемија од туларемија

Одборот за превенција и сузбивање инфективни болести во Министерството за здравство на Косово прогласи епидемија од туларемија во државата и ги активираше сите теренски тимови за спречување на појавата на нови случаи, пишува МИА.

Според приштински медиуми, од 1 јануари 2014 до 10 февруари оваа година пријавени се вкупно 206 случаи на туларемија. Трендот на пораст на инфицирани е регистриран во јануари 2015 година.

Досега не е регистриран ниту еден смртен случај од туларемија.

Болеста главно е регистрирана во централниот и источниот дел од Косово – во 19 општини со 88 жаришта. Најголем број заболени има во Вучитрн, Обилиќ, Србица, Призрен и Сува Река.