Во Косово идентификувани 30 жртви на трговијата со луѓе

Триесет жртви на трговијата со дрога се идентификувани во Косово во првата половина од годината.

Од вкупниот број идентификувани жртви, 25 биле од Косово, четворица од Албанија и една девојка од Романија. Поголемиот број биле девојки на возраст од 14 до 17 години.

Во Косово уапсени се 106 луѓе под сомнение дека се вклучени во мрежата на трговија со луѓе и проституција, од кои 99 се од Косово, шест од Албанија и еден Италијанец.

Косовската полиција соопшти дела 40 лица се лишени од слобода поради сомнение дека се вмешани во трговијата со луѓе, 29 за овозможување или принудување на проституција, 34 за проституција и три лица за други дела.