Во Косово уништени повеќе од 2.000 парчиња оружје

Во Косово има големо количество незаконско оружје останато од војната во 1998-1999 година.

Денеска во Косово биле уништени повеќе од 2.000 единици огнено оружје со цел да се зајакне безбедноста во земјата.

Пиштоли, снајпери и пушки АК-47 биле претопени и од нив ќе бидат изработени капаци за шахти.

Инаку, оружјето било одземено при различни полициски операции.