Во Крим почнаа проблемите со снабдувањето на производи

Во Крим веќе започнаа проблемите со снабдувањето со производи. Истовремено, проблемите со струјата од 23 март и 24 март ги натераа сите да зборуваат за претстојното „паѓање“ на полуостровот и неговата целосна зависност од Украина, пренесе „Обозревател“.

Според експертите, долготрајните проблеми со испораката на електрична енергија се закануваат да предизвикаат не само непријатности на жителите на Крим, туку и огромни економски проблеми. Во моментов 80 отсто од електричната енергија на Крим доаѓа од Украина. Во најдобар случај полуостровот може да обезбеди половина од своите минимални енергетски потреби преку дополнителни гасни генератори.

Проблеми почнаа да се јавуваат и со снабдувањето на производи. Некои продавници веќе го намалуваат асортиманот на стоки. Покрај тоа, супермаркетите и најразличните типови на продавници се’ уште не одлучиле дали да ги менуваат цените од гривни во рубљи.