среда, 7 декември 2016  |  Вести денес: 22

Во Крива Паланка започна проектот „Грижа за стари, осамени и изнемоштени лица“

Проектот е подржан од Организацијата за развој при Обединети Нации (УНДП), Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, заедно со локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

stai

Последни вести

Старите и изнемоштени лица од девет кривопаланечки села од денеска ќе добијат медицински услуги и социјална грижа и помош во рамки на проектот „Грижа за стари, осамени и изнемоштени лица“, дел од Програмата „Општинско-корисна работа“ која ја спроведува општина Крива Паланка.

Проектот е подржан од Организацијата за развој при Обединети Нации (УНДП), Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, заедно со локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

– Ангажирани се осум лица, активни баратели на работа од социјалната, здравствената и прехрамбената струка кои континуирано, со скратено работно време, ќе ги спроведуваат предвидените активности од проектната програма во девет поголеми рурални населби и тоа: Мождивњак, Длабочица, Тлминци, Конопница, Дурачка Река, Станци, Жидилов, Узем и Костур. Корисниците во домашни услови ќе добијат услуги од социјалната, здравствената и прехрамбената струка. На барање на крајниет корисници ќе се вршат одредени волонтерски работи, информира општинскиот координатор, Бранко Велиновски.

За користење на услугите се пријавиле вкупно 240 лица, а тимовите по детален увид и обиколка на терен која се спроведува неделава ќе ги селектираат крајните корисници.

– За успешна реализација на активностите лицата даватели на услугите од проектот поминаа обука спроведена од ОО Црвен Крст, Крива Паланка кој имплементира ваков проект во градскиот реон, одговорното лице на Центарот за социјални работи, Крива Паланка спроведе воведна обука од областа на социјалната заштита, додека лекар од Здравствен дом „акад.Димитар Арсов“ спроведе обука од областа на здравствената заштита-дополни Велиновски.

Организирана е обука во делот на запознавање со теренот, крајните корисници и начинот на комуникација и спроведување на активностите.

Проектот „Грижа за стари, осамени и изнемоштени лица“ ќе трае до 17 март 2017 година.

Најчитани вести