Во Кривичен пристигнале 1.986 барања за амнестија

Во Кривичниот суд до денеска се пристигнати 1.986 барања поврзани со Законот за амнестија, со тоа што дел од барањата, како што посочуваат од Судот, може да се однесуваат на исто лице кое е осудено во повеќе предмети.

„Кривичните совети од одделот Кривично полнолетни и одделението за Организиран криминал и корупција, како што и претходно информиравме, работат постојано и сите донесени решенија веднаш се доставуаат до затворките установи, од каде се пристигнати, за понатамошно постапување, се наведува во соопштението од Судот.

Посочуваат дека со оглед на големиот број на барања, кои се уште пристигнуваат во Судот, Кривичните совети продолжуваат со работа и за време на викендот се со цел да биде запазен законски утврдениот рок за постапување кој почнува да се смета од денот на приемот на барањето и истите веднаш се праќаат до установите, а откако ќе биде постапено по сите пристигнати барања, ќе може да излеземе со конкретна бројка на донесени решенија.