Крими хроника

Во Кривичен завршни зборови за предметот „Тенк“

Во Кривичен завршни зборови за предметот „Тенк“

Осомничените во предметот на СЈО, под кодно име – „Тенк“, денеска во Кривичниот суд во Скопје се очекува да ги кажат своите завршни зборови.

На обвинителната клупа се поранешниот премиер, Никола Груевски, поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски и поранешната министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за која постапката е издвоена поради ризична бременост.

Тројцата се сомничат за малверзации при набавката на луксузниот „мерцедес“ од 600 илјади евра.