Свет

Во Куба за првпат ќе се отворат зони за бежичен интернет за граѓаните

Во Куба за првпат ќе се отворат зони за бежичен интернет за граѓаните

Триесет и пет зони за платен бежичен интернет достапен за граѓаните ќе бидат отворени од јули на Куба.

Такво нешто ќе се случи за првпат во таа држава каде пристапот до интернет е целосно контролиран.

Пет од тие зони ќе бидат во Хавана, а останатите во други големи градови. Засега не е јасно какви тарифи ќе се определат за бежичен интернет.

Претходно единствените места со интернет беа хотелите каде цените се во просек – 10 долари за еден час.