Во кујната на Нетпрес готвиме полнето пилешко и чоколадно чудо

За денешното вторничко мени се одлучивме да подготвиме вкусно полнето пилешко,  а за десерт приготвуваме неверојатно чоколадно чудо.

Состојки

600 гр пилешки стек

200 гр кашкавал

200 гр шунка

2 парчиња кисели краставички

2 јајца

200 гр брашно

Подготовка

Стекот се отвора во средина добро се чука и се зачинува, потоа се полни со кашкавал, шунка и краставички, се затвора со чукање, ссе панира во брашно и јајце на париски начин (пченкарно брашно и јајца) потоа се пржат во загреано масло од двете стани. Се сервира со татар сос, помфрит и лимон.

cokoladno-cudo-eb3fad4b85d08ccb00a4507c6e50f823_header

Чоколадно чудо

Безе кори

7 белки

500 гр шеќер

2 лажици какао

крем

250 гр црно чоколадо (најмалку 70 отсто какоа)

500 мл слатка павлака

1 лажица масло

Прстофат сол

Подготовка

Изматете ги белките во цврст снег. Додајте лажица по лажица шеќер, но непрекинувајте да матите. На крајот додајте го какаото.

Потоа три плега обложете со хартија за печење. На хартијата нацртајте три круга. Смесата од белки распоредете ги во три кори и печете на 110 степени околу 1,5. По 1,5 час исклучете ја рерната и оставете ги корите да се изладат.

За ганаче кремот загрејте 250 мл слатка павлака, но не до вриење, потоа посипајте ја преку чоколадото и добро промешајте за да добиете глаток крем. Оставете дваесетина минути да се излади, а за тоа време останатата павлака изматете ја во цврст снег. Павлкаа измешајте ја со изладената крема и оставете целосно да се излади.

На првата кора ставете половина од кремата, а на втората втората половина од кремата.

На последната кора направете глазура така што ќе загреење 100 мл слатка павлака и прелијте ја преку чоколадо. Кога ќе добиете глаток крем додајте масло и сол добро промешајте. Оставете да се излади неколку минути и прелијте по тортата. Украсете со бело чоколадо, карамела или оставете ја така.

Пријатен апетит!