Во кујната на Нетпрес готвиме: Свински гулаш и зашеќерени бадеми

За овој вторник се решивме да подготвиме екстра вкусен свински гулаш и неодоливо слатки зашеќерени бадеми.

За свинскиот гулаш потребно ви е:

600 гр свинско месо без коска
200 гр кромид
1 лажица суви зачини
4 лажици масло
1лажица црвен пипер во прав
1 лута пиперка
3-4 парчиња суви сливи без семка
10 гр суви печурки
½ лажица сув мајоран
500 гр компир
3 лажици  густин
50 мл вино
1 лажица исечкан магдонос

Подготовка:

На масло пропржете го исечканиот кромид, потоа додајте го месото исечкано на коцки, сувите зачини и кратко пржете. Потоа садот со месотот тргнете го од огнот, додадете црвен пипер и околу 200 мл вода. Вратете го садот на оган и гответе на средна температура околу 20 минути.  Потоа додајте лута пиперка, суви сливи исечкани на коцки, сувите печурки, магдоносот и компирот исто така исечкан на коцки.

Додајте доволно вода за да покрие се’ во длабок лонец и гответе уште 25 минути. Пред крајот додадете густин претходно разматен во малку вода и вино. Додајте уште малку вода и варете уште пет минути.

Зашеќерени бадеми

bademi

Потребни состојки

200 гр шеќер
100 мл вода
200 гр лупени бадеми
1 ванилин шеќер

Подготовка

Шеќерот, ванилиниот шеќер и водата кратко варете ги. Додајте ги бадемите и гответе на тивок оган со постојано мешање. Кога водата ќе испари мешајте додека шеќерот не кристализира. Кога бадемите ќе бидат целите во карамелизиран шеќер, ставете ги на мрсна хартија и оставете ги да се изладат.

Пријатен апетит!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.