Во куќа во кумановско најдени илегални мигранти

Нишанска направа за мино фрлач и илегални мигранти биле затекнати во куќата на жител на село Лојане, кумановско.

Како што информира МВР, вчера околу 07,15 часот од страна на полициски службеници од СВР-Куманово бил извршен е претрес во домот и други простории во куќата сопственост на А.Р. од село Лојане, Кумановско.

Во куќата била пронајдена и со потврда за привремено одземени предмети одземена една нишанска направа за мино фрлач.

Додека во приземна просторија во штала негова сопственост биле пронајдени пет лица од кои двајца од Авганистан, двајца од Иран и едно лице од Пакистан.

По целосно расчистување и документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.