Во куќа на директор на банка во Истанбул пронајдени 4,5 милиони долари во кутии за чевли

Истанбулската полиција пронајде во куќата на директор на државната „Халк Банк“ околу 4,5 милиони долари скриени во кутии за чевли, објавија турските медиуми.

Полицијата спроведува обемна истрага за случаи на корупција и поткуп во државата.

Кутиите за чевли, кои биле полни со пари, се пронајдени на полици во домот на Сулејман Аслан, еден од 49-те приведени лица поради испитување во рамки на истрагата за корупција и поткуп.

Вчера беа уапсени и синови на министри и неколку познати турски бизнисмени. Потоа беа сменети од функција и пет комесари во истанбулската полиција поради финансиски измами, организиран криминал и шверц.