Во куќата на имамот Красниќи пронајдена огромна сума пари

Косовската полиција при претрес во куќата на имамот на Големата џамија во Приштина, Шефќет Красниќи, конфискувала голема сума на пари.

Како што пренесуваат косовските медиуми, повикувајќи се на полициски извори, конфискувани се 8 илјади евра, над 7 илјади швајцарски франци, 2.300 американски долари, голема количина на денари чиј точен износ не се знае, гоема количина на арапски монети и пакистански рупии,како и друга странска валута како и повеќе документи издадени на негово име од Република Србија.

Красниќи беше уаспен вчера во акцијата на полицијата заедно со уште единаесет имами и три други лица.

Нему вчера попладне му беше изречена мерка 24 часовен притвор. Неговиот адвокат Бајрам Тмава, за весникот „Експрес“ потврдил дека Красниќи се товари за перење пари и додал дека доказите кои ги приложило обвинителството не држат .

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.